- На Бана
- Не ме колни, не ме жали!
- Не ми нижи низа клетви!
- Камен тежок живот ми е
- а по тежок одзив пусти
- по народни думи свети!
- Ако куќа не направив
- со високи шимшир порти,
- куќа цел свет братски ми е
- братски срце што отвора,
- срце - порта наjвисока,
- срце - куќа наjширока.
- Ако жена не донесов
- ѓул - трендафил во одаjа
- верна, добра млада љуба –
- не ме колни, не ме жали:
- во борбата другарката
- сонце cjae, сонце трепти!
- Ако млади си години
- по друмишта, по патишта
- в младост горка распосеjав –
- погледни ми право в очи:
- ти ли беше што пееше
- "Аjдутин мајкa не рани... "
- И ако не умрам дома
- туку кaj што стии пиштат
- в борба искри кaj што л'штат –
- блазе, речи на душата
- има зошто душа да е!