Ацо Шопов
Тишина

Во Тишината уреди

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина -
тишината само ќе го рече.