Три години либе ние се сакавме

Три години либе ние се сакавме либе Мариче
Лоша дума либе ние не рековме
за да се разделиме.
Сека вечер либе ти ми зборуваше либе Мариче
Ќе те земам либе јазе за невеста век да векуваме.
Кажи, кажи либе што ти се стори
та што ме заборави
Три годони станаја откако ме заљуби,
либе Стојане.
Не сум те бре либе јазе, забравило либе Мариче
Туку црна земја лице ми покрило,
та сум те забравило.
Туку црна земја лице ми покрило,
за Македонија.

Надворешни врски

уреди

Музика Блог за македонски народни песни