Утрото над нас – Кочо Рацин
- Од далечнините модри се веат
- на сонцето златните далги,
- од далечнините модри се леат
- на утринта росните влаги.
- Под долги, меки ширини рамни
- магла се танка крева
- и по селата мали - заспали
- шумоли скришно врева.
- Шумоли - в срце тага налева
- за црноземните робjа,
- шумоли скришно за мртви поља
- за села и градови - гробjа.
- Ех, тија долги ширини рамни!
- Ех, тaja мака пуста!
- Мртви и темни сурови гламњи
- скршена гранка маслинка!
- По тиja пот се човечка дими
- и снага крвава цвили,
- по тијa радост никого нема
- а сонце радосно има!
- Но тиja росни утрини пресни
- копнат во гради и тлеат.
- Копнат и како бура пеат
- и како огин палат.