Фанче ојде во Калишта

Фанче ојде во Калишта е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Фанче ојде во Калишта
во Калишта на панаѓур. [2х]
Нигде место не ми најде
ми кандиса под скалата
под скалата в одајчето
в одајчето, зад ајчето.
Што му рече на Димитрија
ај Димитри, кир Димитри
ај да ојме на визита
на визита кај кир Коста
кај кир Коста од Белета.
Таму имат чалгаџии
тамо свирит Караѓуле
Караѓуле со тајфата.
Свири, свири Караѓуле
да поиграт кира Фанче
кира Фанче едно чамче
едно чамче елбасанче.
Не го знаит кира Фанче
кира Фанче пусто чамче
пусто чамче елбасанче.
Свири, свири Караѓуле
дан' ти го земам кемането
дан' ти го удрам од главата
дан' ти го фрлам в езерото
дан' ти го јадат и рибите
и рибите летниците.

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни