Цветови – Славко Јаневски
ЦВЕТОВИ - СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
- В Тиквешко негде, в некое село,
- кај в слана тивко венеше цвете,
- - убија дете.
- Последна солза од око капна...
- кога на ридот есента стапна,
- в крви се изми утрото бело.
- И кога в зраци челикот светна
- последна мисла ко птица летна:
- "Мајка ми сама остана в село".
- О, детски очи!
- Криевте в себе небесно катче...
- Румено крвје течеше в жили
- в радост без почин...
- Кај око детско натопи земја
- гороцвет никна, разлиста пролет,
- кај крвта врела растопи слана
- црвена роза закити поле.
- Мајската роза и цветот модер
- в миризма молат:
- "Закити, друже, огнена пушка
- со цвеќа млади,
- па напред појди и други деца
- брани со гради".
- В Тиквешко негде, в некое село,
- кај в слана тивко венеше цвете,
- - убија дете.