- Црна се чума зададе
- там долу Демир Капија
- там жална Македонија.
- Кој ќе се јунак одбере
- чумата да ја пропади?
- Избрал се Делчев, Гоце војвода,
- он ојде в Македонија,
- чумата да ја пропади
- од жална Македонија.
- Кој иде горе низ гора,
- дал ми се Турци поганци?
- Не ми се Турци поганци,
- тук ми се одбор дружина,
- ранет ми другар носеа.
- Со куршум јунак пронижан
- од лева страна во срце,
- млад Делчев, Гоце војвода.
- Делчев дружина говори:
- ---Дружино, верна зговорна,
- вие ќе утре врвите,
- кому ќе ме оставите,
- водичка да ми подаде,
- срцето да си разладам,
- устата да си расвкасам?
- Дружино, мои комити,
- кога ќе вие минете
- низ моја града Кукуша,
- мајка ми ќе ве пречека,
- за мене ќе ве опита:
- ---Дека е Делчев војвода?
- вие нејзе ќе и кажете:
- ---Делчев се јунак посврши,
- за црна земја робинка.