1. Македонската национална посебност и прашањето на создавање на своја државност
1. Македонската национална посебност и прашањето за создавање на своја државност
Присвојувањето, односно негирањето на постоењето на Македонија и македонскиот народ од неговите соседи во минатото, а за жал од некои и до денешни дни, оспорувајќи му го неговото национално право да се чувствува и нарекува како Македонец, неговиот јазик - македонскиот, територијата - Македонија, негова култура, традиции, обичаи и слични национални особености својствени за еден посебен народ, ме поттикнаа да се зафатам со проучување на односот и погледите на Франција и некои балкански соседи кон Македонија и Македонците. Притоа, посебно место им придавам на нивните погледи кон стремежот на македонскиот народ за создавање на своја државност низ националноослободителни борби, влијанието на странските пропагандни и оружени дејства и акции на соседите во задушување на националноослободителниот стремеж, социјално-економската положба и иселувањето како одраз на севкупната состојба во Македонија.
Интересот и влијанието на Франција за Македонија и Балканот пошироко може да се разграничи на повеќе фази во кои еволуирале и се интензивирале посебно кон крајот на минатиот и во текот на нашиот век. Пред секој љубопитен истражувач се поставуваат прашања: колку била присутна и како се застапувала Франција за Макеоднија и за остварувањето на македонските национални права, за создавањето на нејзината државност, а посебно зошто макеадонскиот народ се’ до Втората светска војна не се здоби со своја државност и самостојност, кога низ вековни националноослободителни борби со сопствени сили настојуваше да ја извојува толку посакуваната слобода? Одговорот на овие и слични прашања треба пред се’ да се бара во сплетот на спротивставените интереси и пропаганди на соседите на македонскиот народ на Балканот во минатото, па дури и во современите прилики, кои со поткрепа на некои од големите сили ја задушуваа и ја искористуваа неговата борба за свои цели, ја присвојуваа и за жал до денес се’ уште некои ја присвојуваат и негираат неговата самобитност.
Кога станува збор посебно за Франција, постојната изворна документација го потврдува во основа нејзиниот позитивен интерес за Македонија, нагласувајќи ја нејзината посебност и посебноста на Македонците како народ, но тоа повеќе е застапено во интерните дипломатски комуникации.
Независно од силната пропагандна дејност на соседните балкански држави во Македонија и во светот водена со цел да го “докажат нивното право” над оваа територија и народ, уште во втората половина на XIX-от век, француските дипломатско-политички и други претставници го нагласуваат сознанието за посебнсота на македонскиот народ во однос на соседните балкански народи. Притоа, му забележуваат на македонскиот народ за неговата затвореност, за која сметаат дека е “можеби резултат на стравот да се декларираат отворено за Македонци”. <Archives diplomatique de Ministere des affaires etrangeres. Nantes, Fond, Etat General des fonds, serie, Monastir (Bitola), vol. 11-14> Овие француски сознанија и оценки се извлечени од документацијата во архивскиот дипломатски центар во Нант и Париз, во архивскиот фонд “Генерален државен фонд”. Според оваа француска документација, “Македонците порешително ќе се декларираат за Македонци во првите две децении на ХХ-от век”.<Исто таму.> и кога веќе јасно се означува населението во Македонија како посебен македонски народ, кој суштински се разликува според своите национални белези - јазик, територија, традиции, обичаи и други карактеристики својствени за една посебна нација, различни од оние на соседите, се нагласува дека “Македонците избраа да се разликуваат од своите соседи и затоа е апсурдно да се смета како што се прави со Софија и Белград, дека Македонија е бугарска или дека Македонија е српска,<Види поопширно: Лазар Лазаров, ВМРО низ француската документација. Скопје, ЗУМПРЕС, 1997, с. 9.> а што се однесува до националноста, “ако прашате еден Македонец за таа работа, тој секогаш одговара дека е Македонец и е за создавање на независна Македонија, едносавно затоа што во тоа гледа решение и начин за ослободување од полициската тиранија на турските, српските и бугарските власти..., затоа ова решение е најпогодно за да им се стави крај на стремежите и спротивностите на соседните држави кон Македонија, зашто соперниците секогаш го сметаа македонското население за свое...”.<Исто таму.>
Причините за неуспесите на македонското ослободително движење, гледано низ диоптријата на француските дипломатско-политички, воени и други претставници во Македонија и балканските држави, се состојат пред се’ во негативните влијанија на пропагандните и завојувачките оружени акации на соседите над македонскиот народ, а посебно на реалноста што зад македонскиот народ не стоела како заштитничка некоја од големите сили. Тоа впрочем, според оценката на францускиот конзул во Солун од 12 февруари 1906 година, аргументирано го поткрепува пратеникот во италијанскиот парламент и министер за надворешни работи на Италија Франческо Гвичардини во проектот “Импресии за Македонија” (Impressioni di Macedonia), каде ги изнесува состојбите во Македонија и Балканот пошироко, изложувајќи ја на жестока критика европската дипломатија, а посебно големите сили. <Archives diplomatique... Nantes... Fond, Constantinople, serie, E, vol. 154.> Суштината на погледите на Гвичардини, според стојалиштето на францускиот конзул во Солун, се состои во недоволната заложба на европските големи сили во спречување на пробивот и доминантното влијание на Русија и Австро-Унгарија, кои не само што се против создавање на македонска држава, туку напротив, и што секоја од нив, тргнувајќи од сопствените интереси, го “заборавија” постоењето на македонскиот народ и неговиот стремеж за создавање на своја држава.<Исто таму.> Според Гвичардини, секоја од нив се засапува за различни земји: Русија за создавање на голема Бугарија со излез на Егејско Море и Австро-Унгарија за создавање на нова албанска држава.<Исто таму.> Италијанскиот дипломат не го крие своето стојалиште за создавање на нова независна држава Албанија, но ја нагласува неопходноста од создавање и на нова независна држава Македонија што би се основала на просторот меѓу Бугарија, Грција, Србија и новосоздадената држава Албанија. Со формирањетона македонската држава - Македонија, според Гвичардини, “таа ќе претставува (се мисли на Македонија) сигурносна тампон зона која би значела крај на спротивставените завојувачки аспирации на соседните балкански држави кон Македонија и со тоа би се ставило крај на воените судири на немирниот балкански простор и би завладеал мир на Балканот”.<Исто таму.> Овие стојалишта во основа се актуелни и одржливи и за нашите современи околности.
Идентични оценки и пораки за преземање конкретни решенија во Македонија и на Балканот во целина, се изнесени нешто подоцна и од страна на францускиот конзул во Солун Грајет, во април 1919 година кој во својот извештај под наслов “Ситуацијата во Македонија”<Исто таму… Nantes, Fond, Belgrade, serie A, vol. 195 M. Graillet, consul de France a Salonique 1.09.1919>. ја прикажува нејзината воено-политичката и економскаа состојба и ги изнесува своите погледи и оценки, нагласувајќи дека, “за да се сочува мирот во светот, реално е да се формира една автономна држава - Македонија, која ќе послужи како тампон меѓу Грција, Албанија, Србија и Бугарија...”.<Исто таму.>
За правото на Македонија на свој национален живот и создавање на сопствена држава говори францускиот дипломатски претставник во Швајцарија во својот извешај под наслов “Групирање на Македонците во Швајцарија” од 20 септември 1918 година. Тој ја известува француската дипломатија дека на 3 септември 1918 година е конституирано “Македонско друштво за независна Македонија” со своја програма во која основната цел е борбата на Македонците за извојување на своја независност и создавање на своја држава. <Archives diplomatique... Paris, serie Europe Z, sous-serie, Bulgarie, vol. 36.> За таа цел ова друштво издаде “Проглас до Македонците во Швајцарија” во кој се подвлекува дека “секој народ има право да живее и да биде слободен и да располага со себе лично, што е природно човечко право... Македонија не им припаѓа ниту на Бугарите, ниту на Србите, таа им припаѓа на Македонците - Македонија на Македонците...”<Исто таму.>
За жал, вистината за постоењето на македонската нација како реалност мошне ретко допираше до меѓународната јавност со извесни исклучоци кога дипломатските, воените, политичко-економските и други претставници на Франција како и на другите големи сили требаше да остварат некои свои цели ан Балканот. Така, како победнички сили во Првата светска војна, Англија, а посебно Франција, и покрај традиционално добрите француско-српски односи што датираат од средината на XIII-от век и беа значаен фактор во создавањето на предвоеното Кралство на СХС, отворено се спротивставува на претенциозниот српски проект на никола Пашиќ за создавање на “голема Србија” или на некакво проширено српско кралство. Франција и Англија зазедоа цврст став дека “идната држава ќе биде ниту голема Србија, ниту Југославија, туку држава на Србите, Хрватите и Словенците и против италијанската доминација на Јадранот...”.<Исто таму... Paris, serie Europe Z, sous-serie Yougoslavie 1918-1940, vol. 44.> (Од 1245 година, со женидбата на српскиот крал Урош Немањиќ со француската принцеза Елена Анжујска, започнуваат француско-српските зближувања крунисани нешто подоцна со потпишување на договор за сојузништво.)<Archives militaire de l'Armee de terre. Vincenne-Paris. Apercu historique sur les rapports entre la France et la Yogoslavie, 7N 3190>
Покрај другото, се поставува прашањето: зошто Македонија е изоставена како национален и државнотворен верски субјект од страна на Франција и другите големи сили? Секако, одгoворот треба да се бара помеѓу реалноста и моќта за влијание на големите сили, а посебно на европските кои подоцна ги согледаа соспствените пропусти во однос на нивната политика кон Балканот и Македонија. Така официјалната француска документација го нагласува многунационалниот карактер на Југославија и обесправеноста на одделни народи, како можен извор на меѓунационални конфликти кои во современите прилики прераснаа и во оружени судири. Заслужува внимание да се нагласи дека низ официјалнаа документација на Франција се опфатени и застапени сите три дела од Македонија, третирајќи ги нив како една интегрална целина, не само во географски туку и во етнички и општествнео-економски поглед. Ваквите согледувања се изразени кај француските дипломатски, воено-политички и економски експерти кои предвидуваа дека, такво какво што постои, Кралството на СХС ќе биде краткотрајно и набргу ќе се распадне. Ваквите смели оценки и предвидувања се базирани врз солидно фундирани и продлабочени анализи во кои се потенцирани факторите и причините што им даваа за право истите да ги извлечат. Меѓу нив се издвојува неповолната внатрешнополитичка состојба во која се испреплетени спротивставените интереси на многу политички партии, организации и групи, формирани врз национална, верска и друга основа, при што доминираат српско-хрватските антагонизми, а посебно непризнавањето и националната обесправеност на македонскиот и црногорскиот народ.
Тргнувајќи од реалноста, француската официјална документација нагласува дека македонското население претставува посебен народ кој суштински се разликува од неговите соседи, а особено дека ниту Бугарите ниту Србите немаат право да го присвојуваат. Ако е тоа така, се поставува прашањето: зошто му се прилепуваат на македонскиот народ додавките - Јужносрбијанци, македонски Бугари, ако населението не се чувствувало ниту како бугари, ниту како Срби или Грци, итн., туку единствено како Македонци. Така, според доверливиот извештај од Второто разузнавачко биро на Франција од јули 1927 година под наслов “известувања за Македонија и српско-македонските односи - нови тенденции на Македонците и промена во методите на отпорот”<Исто таму, сигн.7 Н> 3190, јануари 1927 година, Известување за Македонија Српско-македонските односи - Нови тенденции на Македонците во промена на методите на отпорот.> се нагласува реалноста дека “насекаде во Македонија се формирани друштва - полулегални, нелегални сред македонската младина, спортски друштва итн... повеќе не се среќаваат приврзаници за анексија на Македонија кон Бугарија”, подвлекувајќи го притоа издиференцираното доминантно македонско национално чувство за своја македонска припадност и самостојност: “обичниот збор е: ние не сме ниту Срби, ниту Бугари, туку единствено Македонци”,<Исто таму.> а особено нагласената ориентација дека “Македонија теба да стане автономна во рамките југословенската држава, како што е Хрватска и Словенија.<Исто таму.> За Македонецот се вели дека е Србин, но во суштина останува Македонец”.<Исто таму.>
Најсуштествено во овој извештај е предлогот за корекција односно проширување на троименото Кралство на СХС со четврта конституента а тоа е Македонија: “Македонија треба да стане рамноправна во рамките на југославија како Хрватска и Словенија”.<Исто таму.> Во еден друг документ од францускиот дипломатски претставник во Белград од 1919 година се дава забелешка зошто во Парламентот на новата држава не се претставени Македонците како посебна национална индивидуалност. Постојат мноштво такви документи кои говорат во поткрепа на македонската национална посебност, меѓу кои го издвојуваме дипломатскиот извештај од април 1932 година под наслов “Патување во Јужна Србија”, во кој е забележано: “се нарекува Јужна Србија или нова Србија, но никогаш Македонија - име што Србите го забранија”.<Исто таму, предмет Јужна Србија. Вардарска бановина.>
Во извештајот од 1923 година на универзитетскиот професор Реиз до францускиот минситер за надворешни работи Рајмон Поанкаре под наслов “Ситуацијата во Македонија - резултати од анкетата на проафесорот Реиз во Македонија”, <Archives diplomatique... Paris... serie Z, Eirope, sous-serie Yougoslavie 1918-1929, vol. 68 - Repport de M. Reiss sur la situation en Macedoine.> авторот врз научна основа извлекува заклучоци во кои не само што ја подвлекува националнаа посебност на Македонија и Македонците туку и дава поддршка за нивното право на државност и самостојност. Така, францускиот дипломатски претставник во Белград Клеман Симон во својата анализа кон извештајот на професор Реиз нагласува дека “има во Македонија луѓе со бугарско чувство, но тие се во мал број... овој народ (македонскиот, б.м.) е мирен и мирољубив... најпрвин треба да се истакне дека интензивната бугарска пропаганда се одвиваше преку црквата и училиштето. Не треба да се заборави дека многу Македонци емигрираа во Бугарија каде успеале да заземат значајни функции во армијата, во администрацијата па дури и во владата. Општо гледано, Македонците се повешти и поинтелигентни од Бугарите. Во Србија тие (Македонците, б.м.) се меѓу поинтелигентните средини, но им било потешко да заземат значајни места во администрацијата... со примена на насилни средства Бугарите го тероризираа македонското население. Народот (македонскиот, б.м. има страв од Бугарите... може ли овие Македонци да се трансформираат во добри Срби? Никако. Како заклучок се препорачува, бидејќи македонското население нема доверба во Владата на СХС, треба да ја врати довербата кај овој народ. Ако Владата не го промени методот, идните избори ќе бидат уште потешки од последните”.<Исто таму... vol. 68> - Извештај од 21 јануари 1923 - Резултати од анкетата на проф. Реис во Македонија.>
Интересни сознанија за Македонија и Македонците изнесува во својот извештај од 15. 1. и 20. 5. 1929 година францускиот воен аташе Розет кој ја анализира политичко-економската состојба во Југославија и нагласува дека “политичката криза” е мошне изразита по шестојануарската диктатура, нарекувајќи ја “криза во државата”, а македонското население во т.н. српска Македонија го карактеризирува како “индиферентно кон политичкиот режим”. <Archives militaire... Vincennne... Vol. 7 N 3188... 20. 05. 1929. > Што се однесува за состојбата на Грција и националната структура на населението, во овој извештај се нагласува дека во 1929 година од вкупно 6.200.000 население во Грција, 25% отпаѓа на размената на населението и неговата колонизација во Грција.<Исто таму.> Францускиот воен аташе во Софија во својот извештај од 10 март 1930 година потенцира дека “со скорешното потпишување на југословенско-бугарскиот договор, ситуацијата во Македонија и на југословенко-бугарската граница се усложнува поради нерешеното македонско прашање”.<Исто таму, vol. 7 Н 2746.. 10.03.1930> Според изнесените “прелиминарни белешки” од француското разузнавачко Второ биро <Исто таму, vol. 7 Н 3196..>
Исто така заслужува полно внимание извештајот на францускиот дипломатски претставник во Канада М. Книхт од 1929 година упатено до француското министерство за надворешни работи под наслов “Политичките организации на Македонците во САД и Канада”, <Archives diplomatique... Paris-serie Z Europe, sous-serie Bulgrarie, 1918-1940, vol. 61.> каде тој не само што ги издвојува Македонците како посебна национална индивидуалност туку го нагласува нивното политичко и национално единство и поврзаноста со и за Македонија, со изразени тенденции за своја национална припадност.
Во извештајот на францускиот амбасадор во Софија Анри Канбон под наслов “Мерки на полицијаа против Македонците” од 26. 06. 1930 година, испратен до француската влада, <Archives diplomatique... Paris, serie, Societe des Nations. Sous-serie, Secretariet, general vol. 463/4> - Анри Канабон, Француски дипломатски претставник во Софија, извештај “Полициски мерки против Македонците во Бугарија”, 26. 06. 1930 година.> се изложуваат бугарските власти на најостри осуди поради бруталните полициски мерки против Македонците во Бугарија, а францускиот амбасадор во Белград во извештајот од 1933 година нагласува дека со окупацијата на Македонија од Србија, српските власти започнуваат со “примена на политика на србизација на македонското население кое е ставено надвор од законот”. <исто таму... Societe des Nations... vol. 563> - француски дипломатски претставник во Белград, извештај за националните малцинства во Југославија, Белград, 26 мај 1933 година.> Во рамките на ова за големосрпската политика, според други француски извори “Србизацијата го остварува своето дело преку училиштето... .<Archives militaire... Vol. 7 N 3188...>, извештај “за патувањето во Јужна Србија”. Белград, 15 јуни 1928. >
Суштествено е да се подвлече дека, кон крајот на Втората светска војна, македонскиот народ од Вардарска Македонија извојува национална слобода и создаде своја држава врз оснвоа на одлуките на АВНОЈ, а посебно на АСНОМ. Заслужува внимание да се нагласи дека низ француската официјална документација се опфатени и застапени сите три дела од интегрална Македонија. Франција непосредно во Втората светска војна преку својот амбасадот во Белград има добар увид во ситуацијата во Македонија, а нивниот амбасадор бил задолжен од претставниците на САД за формирање на советско-англо-американска мисија со задача да ја испита ситуацијата во Македонија и за разрешување на југословенско-грчките територијални проблеми. Француските дипломатски претставници и други експерти во своите извештаи до Министерството за надворешни работи на Франција од ноември 1945 и октомври 1946 година регистрирани под заедндички наслов “Македонија денес и македонското прашање” изнесуваат дека во Северна Грција - “Егејска Македонија живеат преку 200.000 Македонци кои имаат литературен јазик со традиција и стара култура”.<Archives diplomatique... Paris... serie З Europe, sous-serie Yuboslavie, vol. 4.> Францускиот амабасадор во Лондон Рене Масигли ги изнесува напорите на грчката влада која, преку својот амбасадор во Лондон и пред Форин Офис, искажувајќи ја својата вознемиреност од создавањето на македонската држава во рамките на Југославија и евентуалната опасност од нејзиното проширување, настојувала да го попречи создавањето на т.н. голема Македонија.<Исто таму... <vol. 31,> Извештај на францускиот амбасадор во Лондон Рене Масигли под наслов “Ситуацијата во Македонија”.>
Од мноштвото француски извори за Македонија и Македонците го издвојуваме и извештајот на францускиот претставник во Истанбул од почетокот на 1945 година, во кој се нагласува дека “македонското прашање предизвикува посебен интерес во Турција. Јавното мислење во Турција гледа со големо разбирање на создавањето на една македонска држава, автономна во рамките на југословенската федерација, а кон проблемот на советското влијание на Балканот јавното турско мислење гледа со недоверба како и кон евентуална можност за влегување на Бугарија во југослвоенската федерација под советско раководство бидејќи овој моќен јужнословенски блок, потчинет и под исклучиво влијание на Москва, би ја нарушил рамнотежата со другите балкански нации”.<Исто таму... sous-serie Yougoslavie... vol. 31> Истанбул, почеток на 1945 година. а о>>> Интересни сознанија и оценки за македонско-српските односи и разграничувања изнесува Шарверијат, француски министер и член на специјалната комисија на ОН за Балканот кој во својот извештај од 12 април 1949 година под наслов “Југославија ја исклучува фактичката состојба и македонското прашање” го искажува својот јасен став во врска со фактичката состојба при “окупацијата на Македонија од Бугарија 1941 година, 20.000 Срби од Македонија побегнаа во Србија. Српско-македонската граница трасирана од Германците по војната остана иста...
Во врска со статусот на македонскиот народ и остварувањетона неговите национални права во Грција мошне објективни се гледиштата на францускиот амбасадор во Југославија Жорж Ато, кој во својот извештај од 10 април 1947 година, под наслов “Разговор со генерал Маркос”, говори и за непосредните цели на демократската армија, според генерал Маркос “демократската армија ќе ја заврши својата мисија само тогаш кога земјата ќе биде независна и кога слободата и правдата ќе се воспостават”.<Исто таму... sous-serie, Greece, vol. 28.> Што се однесува до прашањето на македонскиот народ од Егејска Македонија, генерал Маркос е јасен: “Народноослободителниот фронт (НОФ) е политичка оргнаизација на Македонците во Егејска Македонија, тоа е ЕАМ за Македонците. Тој е претставник на ЕАМ и се бори за истите цели... Македонците во Грција беа жртви на најужасен терор. За време на фашистичката окупација тие (Македонците, б.м. зедоа масовно учество во борбата за ослободување на грчкиот народ, со херои како Иван Трновски. После договорот во Варкиза, ЕЛАС го остави оружјето, монархистите ги концентрираа сите свои сили против Македонците со намера да ги истребат. Беа уништени сите села во Македонија. Оние кои не успеаја да се спасат, да пребегнат на соседната југословенска територија, беа затворени, измачувани, депортирани или убиени. Пред војната (Втората светска војна, б.м.) Македонците не беа третирани рамноправно од Грците. Им се забрануваше нивниот јазик, нивната историја, нивното школување. Грчките империјалисти со нивните идеи за голема Грција настојуваа да ги денационализираат Македонците. За кусо време од владеењето на ЕАМ по војната, Македонците ги добија сите национални права. Тие основаа македонски училишта на сопствен македонски јазик, манифестирајќи ја својата национална свест во секој поглед. Денес Македонците се борат со Грците за остварување на нивните национални и граѓански права”.<Исто таму... сигн. 28.>
Француските раководни државни структури преку своите воено-политички, дипломатски и други претставници посветуваа посебно внимание на Балканот давајќи им централно место на југославија и Македонија во тие рамки. Така, на Конференцијата од 18 март 1949 година одржана под претседателство на државниот секретар на Претседателството на Советот, присуствувале раководителите на народната одбрана и националната безбедност на Франција, за надворешни работи, на воздушните и поморските сили и нивните втори разузнавачки бироа, а се дискутирало по единствената точка на дневниот ред. Ситуацијата на Балканот околу проблемот на Југославија.<Исто таму... sous-serie, Yougoslavie (1944-1949) vol. 38.> На оваа Конференција, според Министерството за надворешни работи на Франција, “активностите на СССР и нивните сателити против Тито и Југославија, обидите за конституирање на обединета Македонија, акцијата на грчките востаници - се главните теми”.<Исто таму...> Основната цел на оваа Конференција е – како да <201> се помгоне на Југославија во нејзината заштита од СССР и неговите сателити, не само во одбраната на земјата, а посебно како да се оневозможи продирањето на руското влијание на Балканот и создавањето на обединета Македонија.
Во рамките на францускиот интерес за Југославија, Македонија има централно место, пред се’ поради нејзината разделеност меѓу балканските држави и нејзиното географско и стратешко значење на Балканот. На Конференцијата се истакнува дека како регион, “Македонија е политички разделена меѓу: Југославија (горниот басен на реката Вардар со 800.000 жители), Грција (долниот басен на реката Вардар и Струма со 500.000 Македонци измешани со еден милион Грци), Бугарија (Пиринска Македонија, 400.000 жители плус 200.000 Македонци во регионот на Бургас)... Македонија е опседната со настојувањето за остварување на идејата за повторно обединување и независност и во секој од нејзините делови постои расположение за сите авантури... СССР во својата националистичка политика го фаворизираше повторното обединување на нова Македонија, пред да послужи како центар на една федерација на Јужните Словени. Тешкотијата се состоеше во двојната потреба, за приклучување на Егејска Македонија кон двата други дела и да се усогласи како надомест на Бугарија со грчка-Тракија... навистина, Бугарија настојуваше да ја напушти идејата на својата традиционална експанзија кон Македонија и да ја прифати првенствнео југословенска Македонија, како културен центар за заеадничка Македонија. Сепак, во август 1947 година на Блед, Тито и Димитров потпишаа договор за обединување на Македонците во една федеративна репбулика приклучена кон Југославија, а Бугарија да ја добие како компензација Тракија, Деде Агач... навистина идејата за една голема Македонија остана да живее во душата на народот... Конгресот на македонската Комунистичка партија во Скопје во декември 1948 година го истакна тоа, но Тито не можеше да ја реализира идејата за голема Македонија во своја полза, поради непријателството на Москва и нејзините сателити, да не им се отстапува Грција на западните земји... национализмот на Маркос е осуден затоа што се спротивставуваше на овој проект за голема Македонија..., сепак, југословенската помош на овие бунтовници не е прекината целосно..., пред извесно време (од 1946 година пред и по одржувањето на Париската мировна конференција - б.м.) од грчка страна се нагласи идејата за поделба на Албанија. Се чини, ликвидацијата на Маркос е во извесна смисла резултат на стравот на Советите од тајниот договор меѓу Тито и Маркос, и е паралелен на Сојузот - Белград-Атина, но југословенската граница изгледа се’ повеќе и повеќе се затвора за побунетите”.<Исто таму...>
Постои обемна истражена и неистражена архивска документација од француска провиниенција која се однесува на Македонија. Врз оснвоа на моите досегашни истражувања, моја оценка е дека низ оваа документација се провлекува и би рекол преовладува становиштето за прифаќање на една реалност која не можела да се негира или заобиколи, целосно е прифатена вистината за јасно оформеното макеадонско национално чувство сред македонскиот народ, за неговата самобитност и национaлна посебност заснована врз посебноста на јазикот, територијата, обичаите, традициите, културата и други национални белези својствени за еден посебен национален идентитет. Овде заслужува внимание да се издвои известувањето на францускиот амбасадор во Москва од 15 декември 1949 година каде стои: “Македонците од Пиринска Македонија ги имаат основните национални и културни права а во Грција не само што немаат никакви национални права туку немаат право да го зборуваат ни својот мајчин јазик”.<Исто таму... сигн. 103 (Македонија).>
Задоцнетото признавање на македонската нација и на потребата од создавање нејзина самостојна држава се резултат на многуте внатрешни и надворешни фактори и произлегува од објективни и субјективни околности. пред се’ од разбиеното македонско единство, разорувачката моќ на пропагандната дејност и оружените акции на соседните држави во Македонија, немањето поддршка барем кај некои од големите сили, што не е случај со другите помали соседни балкански наорди, и сл. Според наша оценка, од сите наведени и други околности, како основен негативeн фактор кој остави најдлабоки траги, од сите соседни балкански дражви се издвојува Бугарија со нејзината мошне развиена и разновидна пропагандна и оружена дејност, која беше проникнала во сите сфери на општествениот живот во Македонија, а пред се’ пеку училиштата, црквите, оружените акции во Македонија и друго).