XII. Состојбата во Индија (прод.): докторите

Читател: Сега ги разбирам адвокатите, доброто кое можеби го направиле е случајно. Чуствувам дека професијата е со сигурност омразена. Но вие исто така ги споменувате и докторите, зошто? Уредник: Гледиштата кои ви ги претставувам се оние кои ги усвоив. Тие не се оргинални. Западните писатели употребиле уште посилни зборови кои се однесуваат и на адвокатите и на докторите. Еден западен писател го поврзал целиот модерен систем со упа дрвото. Неговите гранки ги претставуваат паразитските професии, вклучувајќи го правото и медицината, и над стеблото е издигната секирата на вистинската религија. Неморалноста е коренот на дрвото. Така ќе видите дека гледиштата не произлегуваат дирекно од мојот ум, туку претставуваат комбинирани искуства на многумина. Мојата намера беше да станам доктор за доброто на земјата. Пове}е не го делам тоа мислеwе. Сега разбирам зошто медицинарите (веидите) кај нас немаат многу почесен статус. Англичаните со сигурност ја употребиле медицинската професија за да не др`ат. Англиските лекари се знае дека ја искористиле нивната професија со неколку азијатски мо}ници за политичка добивка. Англиските доктори речиси душевно не растроија. Понекогаш мислам дека надри-лекарите се подобри од високо квалифицираните лекари. Ајде да разгледаме: работата на докторот е да се грижи за телото, или подобро кажано, дури ни тоа. Нивната вистинска работа е да го ослободи телото од болести кои го мачат. Како се појавуваат овие болести? Сигурно преку на{ето запоставуваwе или угодувwе. Се прејадувам, имам ло{о вареwе, одам на доктор, тој ми дава лек, јас сум излезен. Одново се прејадувам, повторно ги земам неговите ап~иwа. Ако првиот пат не ги земев ап~иwата, нема{е да страдам од заслу`ената казна и нема{е повторно да се прејадувам. Докторот интервенира{е и ми помогна да си угодам на себеси. Со тоа му олеснив на моето тело, но го заслабнав мојот ум. Затоа продол`ителната употреба на лекови резултира со губеwе на контролата врз умот. Јас у`ивав во порок, си навлеков болест, докторот ме лекува, многу е веројатно дека }е го повторам порокот. Ако не интервенира{е докторот природата сама ќе ја заврше{е работата, и ќе си го повратев владееwето врз себеси, ќе бев ослободен од порокот и ќе бев среќен. Болниците се институции за {иреwе на гревот. Луѓето помалку се грижат за своите тела и неморалноста се зголемува. Европските доктори се најло{и од сите. Заради погре{ната гри`а на човекото тело тие годишно убиваат иљадници `ивоти. Тие изведуваат вивисекција. Ниедна религија не го одобрува тоа. Сите велат дека не е неопходно да се одземат толку многу `ивоти заради на{ите тела. Овие доктори го нарушуваат нашиот религиозен инстинкт. Повеќето нивни медицински препарати содр`ат или `ивотински масти или алкохолни течности, обете се забранети кај хиндусите и мухамеданците. Мо`е да се преправаме дека сме цивилизирани и да ја нарекуваме религиозната забрана суеверие и развратно да уживаме во сè што ќе посакаме. Фактот останува дека лекарите н# поттикнуваат да си угодуваме, а како резултат ние станавме ли{ени од самоконтрола и станавме нема`ествени. Во овие околности, ние не сме подготвени да $ слу`име на земјата. Да се изу~ува европската медицина е да се продлабо~и на{ето робство. Вреди да се размисли зо{то ја избираме медицинската професија. Со сигурност не ја избираме со цел да му слу`име на ~ове{твото. Стануваме доктори за да имаме по~ест и богатства. Се обидов да пока`ам дека нема вистинска корист за човештвото од таа професија, и дека е штетна за човештвото. Докторите прават спектакал од своето знаеwе и наплатуваат превисоки хонорари. Нивните препарати кои вистински вредат неколку пени, чинат шилинзи. Популацијата во нејзината лековерност и во наде`та да се ослободи од некоја болест, дозволува да биде измамена. Зарем не се подобри надри-лекарите, кои ги знаме, од лекарите, кои се кријат зад хуманоста?