Кинески јазик/Пишување на кинески
Кинеските знаци се логографски карактери кои се користат во кинеското писмо. Тие се најстариот систем на пишување во светот кој е сè уште во употреба, и се користат во традиционалниот и поедноставениот кинески јазик.
Колку знаци постојат?
уредиОдговорот е илјадници! Веројатно ќе треба да знаете нешто околу две илјади за да можете да читате кинески весници и книги, но не ви треба ништо слично на тој број за да читате мени, да одите на шопинг или да читате едноставни улични знаци и упатства. Како што можете да поминете во повеќето земји знаејќи околу сто зборови од локалниот јазик, така и во Кина можете да поминете многу добро знаејќи стотина вообичаени кинески знаци. Исто така тоа е одлична основа за учење да читате и пишувате кинески.
Дали еден знак одговара не еден збор?
уредиИако секој знак има свое значење, не е целосно точно дека секој знак е еквивалентен на еден „збор“. Секој знак всушност е само еден слог. На кинески, како и на македонски, некои зборови се составени само од еден слог, но повеќето зборови се составени од два или повеќе слога. Повеќето зборови на кинески всушност се состојат од два засебни знакови.
Линии
уредиХоризонтална линија
уредиХоризонталната линија е една од осумте основни линии. Се пишува одлево надесно.
Еве неколку примери за знаци кои се пишуваат со хоризонтална линија:
Вертикална линија
уредиСекогаш прво се пишува хоризонталната линија, а потоа вертикалната.