Латински-Лекција 3
Белешки за вокабуларот
уредиНоминативниот падеж е падежот на подметот во реченицата.
Белешка: Кај еден збор номинативната еднина не се изведува од генитивната форма на зборот како кај другите падежи, туку (особено во случајот на именки од 3-та деклинација) се зналително различни по форма.
Во оваа глава ќе се користат следниве поими:
м. = машки род ж. = женски род с. = среден род
- Именките од 1-ва и 2-ра деклинација се дадени во номинатив. Благовремено ќе биде додадена и генитивната еднина. Иако не е апсолутно неопходно, би требало да стекнете навика да деклинирате именки на база на генитивната сонова. Во оваа глава тоа не се третира.
- Именките од 3-та, 4-та и 5-та деклинација се дадени во номинативна и генитивна еднина.
- Придавките од 1-ва/2-ра деклинација се дадени со наставките за машки, женски и среден род.
- Придавките од 3-та деклинација се дадени во номинативна и генитивна еднина.
Граматика - Дел први: Преглед на падежот Номинатив
уредиВокабулар за лекцијава | |
---|---|
Латински | Македонски |
magn-us -a -um | голем -а -о |
bon-us -a -um | доб-ар -ра -ро |
mal-us -a -um | лош -а -о |
puell-a ж. | девојка |
puer м. | момче |
domin-a ж. | господар |
domin-us м. | господарка |
lud-us м. | училиште |
triclini-um с. | трпезарија |
esse (ego) sum (tu) es [lud-us] est (nos) sumus (vos) estis [lud-ī] sunt |
да се биде јас сум ти си [училиштето] is* ние сме вие сте [училиштата] се |
non | Прилог кој стои пред глаголот и значи ,,не" и со тоа го негира зборот. |
Запомнете: некои именки од 2-ра деклинација ја губат наставката ,,-us" во номинатив - момче е ,,puer", а не " |
Граматика: ставање на номинативот во множина
уредиБрој | 1-ва деклинација Жен. | 2-ра деклинација Маш. | 2-ра деклинација Сред. |
---|---|---|---|
Еднина | puell-a | lud-us | triclini-um |
Множина | puell-ae | lud-i | triclini-a |
За ставање на правилни именки во множина, заменете ја наставката за еднина со наставката за множина. Сите придавки кои ја опишуваат именката мораат да бидат исто така во множ ина -- придавките мораат да се сложуваат со именките по падеж, број и род.
Глаголот мора да се сложува по број со неговиот подмет.
Примери
уреди
|
| ||||||||||||||||
|
| ||||||||||||||||
|
Други примери
уредиПример 1
уредиЛатински | Македонски |
---|---|
triclini-um est magn-um | Трпезаријата е голема. |
- Белешки: За да означиме дека трпезаријата е таа што е голема, на зборот му додаваме номинативна наставка од среден род, еднина (-um) на magn-us, за да се сложи по род (triclini-um е среден род и бара наставка од среден род), падеж (triclini-um е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (triclini-um е во еднина и бара наставка во еднина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -um.
- Затоа,
triclinium est magnus, е грешка бидејќи magnus не се сложува со triclinium и вака би збуниле некој римјанин. Тој би ве разбрал: ,,Трпезаријата е голем човек."
- Затоа,
Пример 2
уредиЛатински | Македонски |
---|---|
puell-a est magn-a | Девојката е голема. |
- Белешки: За да означиме дека девојката е таа што е голема, на зборот му додаваме номинативна наставка од женски род, еднина (-а) на magn-us, за да се сложи по род (puell-a е женски род и бара наставка од женски род), падеж (puell-a е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (puell-a е во еднина и бара наставка во еднина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -а.
Пример 3
уредиЛатински | Македонски |
---|---|
lud-us est magn-us | Училиштето е големо. |
- Белешки: За да означиме дека училиштето е тоа што е големо, на зборот му додаваме номинативна наставка од машки род, еднина (-us) на magn-us, за да се сложи по род (lud-us е машки род и бара наставка од машки род род), падеж (lud-us е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (lud-us е во еднина и бара наставка во еднина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -us.
Пример 4
уредиЛатински | Македонски |
---|---|
ludi sunt magni | Училиштата се големи. |
- Белешки: За да означиме дека училиштата е тие што се големи, на зборот му додаваме номинативна наставка од машки род, множина (-i) на magn-us, за да се сложи по род (lud-us е машки род и бара наставка од машки род род), падеж (lud-us е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (lud-us е во множина и бара наставка во множина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -i.
Вежба 1
уредиПреведете на македонски:
- vos estis boni
- sum qui sum (qui = кој)
- es puell-a.
- lud-us est magn-us.
- sumus bon-i
Преведете на македонски:
- sum bon-us
- es bon-us
- est bon-us
- sumus bon-i
- estis bon-i
- sunt bon-i
- puell-a est in hort-o (in horto = во градината)
- sum in hort-o
- es in hort-o
- sunt in hort-o
- Fabi-us est bon-us (Fabius е лично име)
- Juli-a est puell-a.
- Flavi-a est domin-a.
- Fabi-us est domin-us
- Flavi-a non est domin-a mal-a.
- non sum bon-us.
- non sumus bon-i.