Латински-Лекција 4

Латински јазик

<< Лекција 3 | Лекција 5 >>


Таблици за деклинација на именки

уреди
1-ва деклинација
ЕДНИНА МНОЖИНА
номинатив puell-a puell-ae
акузатив puell-am puell-as


2-ра деклинација
Машки Машки Машки Среден
ЕДНИНА МНОЖИНА ЕДНИНА МНОЖИНА ЕДНИНА МНОЖИНА ЕДНИНА МНОЖИНА
номинатив serv-us serv-i puer puer-i ager agr-i bell-um bell-a
акузатив serv-um serv-os puer-um puer-os agr-um agr-os bell-um bell-a
Нота Бене: Зборот puer ги користи истите наставки како и сите именки од 2ра деклинација, машки род, освен што ја испушта наставката -us во номинатив. Ager, именка од 2-ра деклинација што значи ,,поле" нема наставка во номинатив како puer и го испушта ,,e"-то во сите падежи освен номинатив (видете во таблицата)

'Запомнете ја проширенава таблица.'


Вежба 2

уреди

Ставете ги во акузативна еднина:

  1. lud-us
  2. magn-us
  3. triclini-um
  4. bell-um
  5. puell-a
  6. serv-us
  7. ager

Ставете ги во акузативна множина:

  1. lud-us
  2. magn-us
  3. triclini-um
  4. bell-um
  5. puell-a
  6. serv-us
  7. ager

Ставете ги во номинативна еднина:

  1. bon-i
  2. bell-a
  3. triclini-a
  4. puell-am
  5. agr-os
  6. serv-os
  7. puell-ae

Граматика: Акузатив

уреди

Како што видовме во предходната лекција, глаголот ,,esse" (да се биде) обично е во номинатив, бидејќи зборот по него е комплиментарен. Најголемиот број на другите глаголи се во акузатив.

Во една реченица, акузативот одговара на прашањето ,,што" (директен предмет).

На пример: Девојката ја продаде кутијата.

Што продаде девојката? Кутијата. Тука, кутијатае директен предмет, и кога ќе ја преведме на латински:

Puella vendet cistam.

Cistam, тука е во акузатив, бидејќи е директен предмет.

Кога придавката опишува именка истата е во акузатив и мора да се сложи по број, падежи род со неа.

Примери за придавки - сложување со номинатив и акузатив

уреди

Кратенки: НОМ = номинатив, АКУ = акузатив, Ед. = еднина, Мн. = множина, м. = машки род, ж. = женски род

ЛатинскиМакедонскиПреглед
bon-us lud-usДоброто училиште (НОМ Ед. м.)
bon-um lud-umДоброто училиште (АКУ Ед. м.)
bon-i lud-iДобрите училишта (НОМ Мн. м.)
bon-os lud-osДобрите училишта (АКУ Мн. м.)
bon-us puerДоброто момче (НОМ Ед. м.)
bon-i puer-iДобрите момчиња (НОМ Мн. м.)
bon-os puer-osДобрите момчиња (АКУ Мн. м.)
bon-um puer-umДоброто момче (АКУ Ед. м.)
bon-a puell-aДобрата девојка (НОМ Ед. ж.)
bon-am puell-amДобрата девојка (АКУ Ед. ж.)
bon-ae puell-aeДобрите девојки (НОМ Мн. ж.)
bon-as puell-asДобрите девојки (АКУ Мн. ж.)
bon-us poet-aДобриот поет (НОМ Ед. м.)
bon-i poet-aeДобрите поети (НОМ Мн. м.)
bon-os poet-asДобрите поети (АКУ Мн. м.)
bon-um poet-amДобриот поет (АКУ Ед. м.)

Вежба 3

уреди

Утврдете дали придавката се сложува со именката во сите три категории: падеж, род и број.

Прашања:Дали се сложува?
1. magn-us agr-osТочно/Грешно
2. magn-a puellaТочно/Грешно
3. poet-a bon-usТочно/Грешно
4. magn-um serv-umТочно/Грешно
5. poet-ae magn-aeТочно/Грешно
6. bell-a magn-aТочно/Грешно

Граматика: Употреба на акузативот

уреди
Вокабулар за лекцијава
Латински Македонски
puell-a ж. девојка
puer м. момче
bell-um с. (2-ра декл.) војна
ad с. кон
culin-um ж. (2-ра декл.) кујна
libr-um ж. (2-ра декл.) книга
(puer) ama-t (the boy) љуби
(puer) curri-t (the boy) трча
(puer) porta-t (the boy) носи
(puer) specta-t (the boy) гледа
(puer) dat (the boy) дава
fuisse
fui
fuisti
(puer) fuit
fuimus
fuistis
fuerunt
да се има бидувано
Јас бев
ти беше
(момчето) беше
ние бевме
вие бевте
тие беа
Нота Бене: ,,fuisse" и сите негови форми (минато време од ,,esse"), се однесуваат исто како да се во сегашно време.


Новопредставените глаголи, ama-t, curri-t, и porta-t се во акузатив бидејќи се ,,предмет". Кога користите речник секој глагол стои во акузатив, а не во номинатив, доколку не е нагласено поинаку.

Граматичко објаснение со помош на македонски реченици

уреди
Граматичко објаснение 1
Македонски:Момчетогледателевизија.
Објаснение:НОМИНАТИВГЛАГОЛАКУЗАТИВ
Граматичко објаснение 2
Македонски:Девојкатаготвиручек.
Објаснение:НОМИНАТИВГЛАГОЛАКУЗАТИВ
Граматичко објаснение 3
Македонски:Тој штобега,заслужувагилотина.
Објаснение:НОМИНАТИВГЛАГОЛГЛАГОЛАКУЗАТИВ

Вежба 4: Пронајдете ги номинативот и акузативот

уреди

Најдете ги номинативот и акузативот (ако ги има) во секоја реченица.

  1. Момчето е добро.
  2. Девојката готви ручек.
  3. Момчето ја дава книгата.
  4. Детето игра спорт.
  5. Кого го засега.
  6. Кон кујната трчам.
  7. Јас ја јадам пицата.

Во следниве реченици, најдете ги акузативот и номинативот. Потоа преведете.

  1. puer est bonus.
  2. puella puerum amat.
  3. puer librum dat.
  4. filius virum spectat.
  5. ad culinam currit.

^ Латински ^ | << Лекција 3 | Лекција 5 >>