Латински-Лекција 8
Граматички вовед во глаголите
уредиГлаголите се елементи на реченицата што означуваат дејство. Во латинскиот јазик постојат две главни форми на глаголи::
• Начелни (обични) глаголи (глаголите кои се наоѓаат во секоја реченица) • Придавни глаголи (исто така познати како ,,партиципи", ,,герунди" и ,,герундиви" - ја опишуваат состојбата на глаголот).
Секоја реченица мора да има глагол. на некој начин, начелнииот глагол е реченицата, а сите други именки, прилози и герунди само го опишуваат сценариото на глаголот. Така кај латинскиот јазик реченицата се состои од:
est.
Ако сакате да објасните ,,кој" е или постои, додавате номинативна именка:
Cornеlius est.
Сега знаеме дека Cornelius ,,е". Но што е/каков е? Затоа додаваме придавка.
Cornеlius est bonus.
За понатамошна елаборација можеме да додадеме прилог:
Cornelius vix est bonus.
Примери
уредиОвие два примера ја покажуваат разликата помеѓу придавниот и начелниот глагол.
Воскреснатиот Исус им се појави на неговите следбеници. |
,,воскреснат(иот)" е свршен партиципл (Придавен) кој го опишува Исус, додека ,,се појави" е начелниот глагол во реченицата. |
Вчудоневидените следбеници го гледаат Исус. |
,,вчудоневидени(те)" е свршен партиципл (Придавен) кој ги опишува следбениците, додека ,,гледаат" е начелниот глагол во оваа реченица. |
Вежби
уреди- Која е раликата помеѓу начелниот и придавниот глагол?
- Што сочинува една реченица?
- Напишете една реченица на македонски,па потоа на латински.
- Коњугирајте го глаголот ,,да се биде" во минато и сегашно време на македонски и на латински (Јас сум, Ти си, Тој е итн.)
Лични наставки
уредиГлаголите во латинскиот јазик се менуваат за да го назначат лицето кое го врши дејствието.
Латински | Македонски |
sum | Јас сум |
es | Ти си |
est | (Тој) е |
sumus | Ние сме |
estis | Вие сте |
sunt | Тие се |
Вежба
уреди- Што означуваат личните заменки?
Глаголски начини
уредиПостојат неколку глаголски начини. Секој има своја употреба. Најчести од нив се:
• Исказен • Погодбен или коњунктивен (сврзнички) • Наредбен
Во оваа лекција се зборува за наредбениот (наредби и порачки) и исказниот (декларативни искази и фактички прашања).
Вежби
уреди- Кои се трите глаголски начини?
- За кои два глаголски начина се зборува во оваа лекција и за што служат?
Глаголски видови
уредиКога станува збор за глаголските видови, постојат два состава на реченици: глаголите можат да бидат во актив или пасив.
Exampli Gratia ,,Јас готвам ручек." ,,готвам" е активен глаголски вид.
Пасивот се јавува кога глаголот дејствува врз номинативот.
E.g. ,,Ручекот е готвен од мене." ,,е готвен" е пасивен глаголски вид.
Вежби
уреди- Што е ,,глаголски вид".
- Што е активен глагоски вид?
- Што е пасивен глаголски вид?
- Составете по една реченица на македонски користејќи го секој глаголски вид.
Глаголско време
уредиГлаголското време во латинскиот јазик се состои од два дела: ВРЕМЕ и АСПЕКТ. Времето искажува кога дејствието се случува, се случило или треба да се случи: во минатото, сегашноста или иднината. Аспектот ја искажува природата на дејствието: просто, повторливо, или неповторливо.
Во теорија, глаголот може да има девет граматички времиња (комбинации од време и аспект). Меѓутоа, во латинскиот јазик постојат само шест.
Еве еден груб водич за времињата во латинскиот јазик.
С П E К T | Сегашно | Идно | Минато | ||
Просто | Сегашно ,,одам" | Идно ,,ќе одам" | Свршено ,,отидов" | ||
Повторливо | Сегашно ,,одам" | Идно ,,ќе одам" | Несвршено ,,одев" | ||
Неповторливо | Свршено ,,имам отидено" | Идно свршено ,,ќе имав отидено" | Одамна минато ,,имав одено" |
Вежби
уреди- Препишете ја табелава погоре.
- Научете ја.
- Преглед: Потполнете ја таблицава со деклинации на именките.
Еднина | |||||
Номинатив | puella | servus | rеx | cornu | res |
Вокатив | |||||
Акузатив | |||||
Генитив | |||||
Датив | |||||
Аблатив | |||||
Множина | |||||
Номинатив | puellae | servi | reges | cornua | res |
Вокатив | |||||
Акузатив | |||||
Генитив | |||||
Датив | |||||
Аблатив |
- Препишете ја таблицата со деклинации на заменки од Лекција 7.
- Запомнете ги сите таблици.
Инфинитив
уредиИнфинитивот е (неперсонална) форма на глаголот која едноставно значи ,,да (глагол)". На пр. ,,да се прави, or ,,да се биде', or ,,да се сака, or ,,да се мрази" etc. Сите форми што не се во инфинитив се во финитивна (персонална) форма.
Во инфинитивна форма, глаголите имаат наставка -re додадена на основата на зборот. Инфинитивот од ,,да се биде" е исклучок - ,,esse".
Debeo currere nunc = Треба да трчам сега.
esse, aut nоn esse = Да се биде, или (да) не (се биде)? (од Шекспир)
Вежби
уреди- Што е инфинитив? Дајте пример.
- Што е финитив? Дајте пример.
Неправилности
уредиГлаголите кои користат пасив во смисла на актив се нарекуваат депоненти. Глаголите кои немаат форма за секое време или глаголски начин се нарекуваат дефектни глаголи. Наскоро ќе сретнете неколку вакви збора.
- Што се дефективни глаголи?
- Што се неправилни глаголи?
- Што се дефектни глаголи?
Личнни заменки
уредиВо случај кога користите лични заменки (доколку воопшто користите), тие се употребуваат за нагласување на ПОДМЕТОТ на глаголот, и треба да се запомни дека тие мораат да бидат во номинатив и мора да му соодветствуваат на подметот по лице и број. (Прегледајте ја Лекција 7 доколку не знаете што се лице и подмет).
Вежби
уреди- Во кој падеж треба да биде подметот (вршителот) на глаголот (дејствието)?
- Во кој број треба да биде начелниот глагол?
- Во кое лице и број е ,,ego"?
- Во кое лице и број е ,,јас"?
- Во кое лице и број е ,,ние"?
- Во кое лице и број е ,,ти"?
- Во кое лице и број е ,,вие"?
- Во кое лице и број е ,,vos"?
- Во кое лице и број е ,,nоs"?
- Во кое лице и број е ,,tu"?
- Во кое лице и број е ,,момче"?
Начелни делови
уредиДоколку погледнеме некој глагол во речник, даден е начелниот дел. Од овие начелни делови можете да ја пронајдете точната форма на глаголот во секоја прилика.
Минато несвршено, 1-во лице | Несвршен инфинитив | Сегашно свршено, 1-во лице | Индолент |
amo | amare | amavi | amatum |
Одредува дали самогласката се испушта во 1-во лице еднина, сегашно несвршено. | Ја дава несвршената основа и инфинитивот | Ја дава свршената основа | За правење на придавни форми од глагол (Партиципи) |
Вежби
уреди- Што се прави со начелните делови?
Употребување на речник
уредиСите именки се дадени во номинатив, како и деклинацијата и родот на именката. Глаголите стојат со 1-во лице, еднина (прв начелен дел), а даден е и инфинитивот. Додатни начелни делови се дадени доколку разните други начелни делови не ја следат стандардната шема од инфинитив и 1-во лице еднина.
Глаголи: Коњугација и сегачно несвршено време
уредиСегашното несвршено време е наједноставното време. За правење на сегашно несвршено, само ставете лична наставка на крајот на основата од глаголот.
Така, ако имате основа ,,ama" (љубов), за да биде ,,љубам", ставате о на крајот.
љубам = amo (amao*) љубиме = amamus
- ,,a"-то се губи кога amao прави amo.
Во латинскиот јазик би можело да се додадат лични замнеки, но се додаваат само за нагласување и тоа заедно со соодветната наставка за лице кај глаголот. Инаку реченицата не би имала смисла. ова е и случај во македонскиот јазик каде немораме да кажеме ,,Јас сакам" бидејќи наставката -ам веќе ја спроведува смислата за лице.
Како во македонскиот, така и во латинскиот јазик личната заменка (јас, ти итн.) се употребуваат само за нагласок на лицето кое го врши дејствието (на пр. ,,Jас сакам" (а не ти). Во секој друг случај наставката ја врши работата за означување на лицето-вршител.
Еве ги формите на глаголот ,,porta", носи, во сегашно несвршено време:
porto носам прво лице, еднина portas ти носиш второ лице, еднина portat тој, таа, тоа носи трето лице, еднина portamus ние носиме прво лице, множина portatis вие носите второ лице, множина portant тие носат трето лице, множина
Постојат три други коњугации, и подолу има примери на некои глаголи за секоја од четирите коњугации (сегашно несвршено време):
porta, носи (1-ва коњ.) | mone, предупреди (2nd коњ.) | rege, владее (3rd коњ.) | audi, слуша (4th коњ.) |
porto, носам | moneo, предупредувам | rego, владеам | audio, слушам |
portas, носиш | monas, предупредуваш | regis, владееш | audis, слушаш |
portat, тој/таа/тоа носи | monet, тој/таа/тоа предупредува | regit, тој/таа/тоа владее | audit, тој/таа/тоа слуша |
portamus, носиме | monemus, предупредуваме | regimus, владееме | audimus, слушаме |
portatis, носите | monetis, предупредувате | regitis, владеете | auditis, слушате |
portant, носат | monent, предупредуваат | regunt, владеат | audiunt, слушаат |
Пред последните букви, 1-вата кожугација има ,,a" (иако кога ќе се стави ,,o", ,,a"-то често се испушта), 2-рата има ,,e", а 3-тата и 4-тата обично имаат ,,i". Формите од 3-то лице множина во 3-та и 4-та коњугација имаат ,,u". Овие форми треба да се научат на памет.
Најчест глагол е неправилниот (видете во следната лекција). Еве таблица на еден глагол на македонски, латински и два романски јазика.
esto: биде | |||
Латински | Македонски | Француски | Шпански |
sum | сум | je suis | yo soy |
es | ти си | tu es | tú eres |
est | тој/таа/тоа е | il/elle est | él/ella es |
sumus | ние сме | nous sommes | nosotros/-as somos |
estis | вие сте | vous êtes | vosotros/-as sois |
sunt | тие се | ils/elles sont | ellos/-as son |
Личните наставки се исти како и во сите правилни коњугации.
Вежби
уредиКоја форма на зборот ,,amo" (помош: amo се коњугира како porto во таблицата погоре) би ја користеле следнице зборови за да станат наставки:
- ego
- tu
- puer
- nos
- vos
- ego
- puella
Наредбен начин
уредиНаредбениот начин, како што кажува самото име означува наредба (на пр. Оди!, Трчај!, Тргни се!). Наредбениот начин се прави со употреба на основата на зборот. Доколку наредбата важи за група луѓе, или доколку персирате, употребете ја наставката -te. (исто како во македонски)
amo eum = Го сакам.
ama eum = Сакај го!.
amate eum = Сакајте го! (персирање или множина)
curro casam = Трчам дома.
curra casam = Трчај дома!
currate casam = Трчајте дома! (персирање или множина)!
Rego prudente = Владеам мудро.
Regi prudente = Владеј мудро!
Regite prudente = Владејте мудро! (персирање или множина)
Вежби
уредиПреведете ги следниве глаголи:
- portamus, regunt, mones, estis, auditis, monent, rego, portas, sunt.
Преведете ги следниве заменки: 2. Ille, Is, ea, id, Illum (с.), illa (ж.), ego, tu, nos, vos, tibi, mihi, nostrum.
3. Истражете ја сличноста помеѓу шпанските, француските и италијанските коњугации и латинските коњугации. 200 збора.
Преведете на латински:
- Ја носам мојата книга.
- Не убивајте.
- Слушаат музика..*