Германски јазик/Акузатив
<< Fragen | Der Akkusativ | Trennbare Verben >>
Der Akkusativ / Акузатив
Акузативот го опишува директниот предмет во реченицата. Тоа е лицето или предметот врз кое се извршува дејството. За да го пронајдеме директниот предмет треба да одговориме на прашањето кого? (wen?) или што? (was?)
На пр. Ich sehe den Mann. - Го гледам мажот.
Кога ќе одговориме на прашањето Wen sehe ich? - Den Man. Den Man е директен предмет во реченицата, поради тоа оваа именка ќе биде во акузатив.
Глаголи
уредиПостојат начини за полесно да одредиме дали именката (или заменката) треба да ја ставиме во акузатив. Одредени глаголи секогаш „бараат да имаат“ директен предмет. Такви се на пр: lieben (сака), fragen (прашува), essen (јаде), kaufen (купува), lernen (учи) и многу други.
Предлози
уредиКога во реченица користиме одредени предлози знаеме дека именката што следува после нив е во акузатив. Такви се:
- für (за)
- Das ist für dich. - Ова е за тебе.
- Er arbeitet für meinen Vater. - Тој работи за татко ми.
- durch (низ)
- Der Bus fährt durch den Tunnel. - Автобусот вози низ тунелот.
- Die Touristen gehen durch die Stadt. - Туристите одат низ градот.
- gegen (против)
- Ich nehme Aspirin gegen Kopfschmerzen. - Земам Аспирин против главоболки.
- ohne (без)
- Ich kann ohne dich nicht leben. - Не можам без тебе да живеам.
- um (околу, во)
- Wir laufen um das Haus. - Трчаме околу куќата.
- Die Schule beginnt um acht Uhr. - Училиштето започнува во осум часот.
Членот
уредиЧленот во акузатив се разликува од оној во номинатив само за именките во машки род.
Неопределениот член во акузатив гласи:
Номинатив | Акузатив | Пример | Македонски | |
---|---|---|---|---|
машки род | ein | einen | einen Mann | (еден/некој) маж |
женски род | eine | eine | eine Frau | (една/некоја) жена |
среден род | ein | ein | ein Brot | (еден/некој) леб |
множина | --- | --- | Kinder | (едни/некои) деца |
Определениот член во акузатив гласи:
Номинатив | Акузатив | Пример | Македонски | |
---|---|---|---|---|
машки род | der | den | den Mann | мажот |
женски род | die | die | die Frau | жената |
среден род | das | das | das Brot | лебот |
множина | die | die | die Kinder | децата |
Лични заменки
уредиНоминатив | Акузатив | Македонски |
---|---|---|
ich | mich | мене; ме |
du | dich | тебе; те |
er | ihn | него; го |
sie | es | неа; ја |
es | sie | него; го |
wir | uns | нас; нè |
ihr | euch | вас; ве |
sie | sie | нив; ги |
Sie | Sie | Вас; Ве |
Присвојни заменки во акузатив
уредиMask. | Neut. | Fem./Pl. | македонски | |
---|---|---|---|---|
ich | meinen | mein | meine | мој/моја/мое/мои |
du | deinen | dein | deine | твој/твоја/твое/твои |
er | seinen | sein | seine | негов/негова/негово/негови |
sie | ihren | ihr | ihre | нејзин/нејзина/нејзино/нејзини |
es | seinen | sein | seine | негов/негова/негово/негови |
wir | unseren | unser | unsere | наш/наша/наше/наши |
ihr | eueren | euer | eure | ваш/ваша/ваше/ваши |
sie | ihren | ihr | ihre | нивен/нивна/нивно/нивни |
Si | Ihren | Ihr | Ihre | Ваш/Ваша/Ваше/Ваши (формално) |
Граматика | ||
Именки | Род (машки · женски · среден) · Број (еднина · множина) · Падеж (Номинатив · Акузатив · Датив · Генетив) | |
---|---|---|
Глаголи | Времиња (Сегашно време · Минато време Перфект · Идно време Футур I) · Начин (Заповеден) | |
Придавки | Степен |