Германски јазик/Номинатив

<< Das Präsens | Der Nominativ | Plural der Nomen >>


Der Nominativ / Номинатив

Што означува номинатив?

уреди

Во германскиот јазик разликуваме четири падежи:

  • Номинатив - е основна форма на именката. Подметот во реченицата е во номинатив - тоа е лицето што го врши дејството.
  • Акузатив - се однесува на директниот предмет во реченицата - тоа е лицето или предметот врз кое дејството е извршено.
  • Датив - се однесува на индиректен предмет во реченицата.
  • Генетив - се користи да се покажи поседување.

Номинатив е првиот падеж во германскиот падежен систем. Го опишува подметот во реченицата. Подметот на реченицата секогаш и на кој било јазик ја опишува личноста или работата што прави нешто.

На пр. Der Mann ist klug. - Мажот е паметен.

Како што можете да видите, мажот е личноста која прави нешто - тој е паметен. За да го пронајдеме подметот во реченицате може да го поставиме прашањето кој? (wer?) или што (was?). Wer ist klug? - Der Man. Der Man е подметот во реченицата, поради тоа оваа именка ќе биде во номинатив.

Членот

уреди

Неопределениот член во номинатив гласи:

Неопределен член
Член Пример Македонски
машки род ein ein Mann (еден/некој) маж
женски род eine eine Frau (една/некоја) жена
среден род ein ein Brot (еден/некој) леб
множина --- Kinder (едни/некои) деца

Определениот член во номинатив гласи:

Определен член
Член Пример Македонски
машки род der der Mann мажот
женски род die die Frau жената
среден род das das Brot лебот
множина die die Kinder децата

Присвојни заменки во номинатив

уреди

Улогата на подмет во реченицата може да ја врши и присвојна заменка. Формите за присвојните заменки во германски се еднакви за машки и среден род. Формата за женски род е еднаква со онаа за множина. Тие се:

Mask./Neut. Fem./Pl. македонски*
ich mein meine мој/моја/мое/мои
du dein deine твој/твоја/твое/твои
er sein seine негов/негова/негово/негови
sie ihr ihre нејзин/нејзина/нејзино/нејзини
es sein seine негов/негова/негово/негови
wir unser unsere наш/наша/наше/наши
ihr euer eure ваш/ваша/ваше/ваши
sie ihr ihre нивен/нивна/нивно/нивни
Si Ihr Ihre Ваш/Ваша/Ваше/Ваши (формално)
*Преводот на македонски е даден само за компарација. Во предвид мора да се зема родот на именката на германски. На пр. das Auto (neut.) - Das ist mein Auto. - Тоа е мојата кола.