Германски јазик/Минато време Перфект

<< Trennbare Verben | Perfekt | Perfekt >>


Perfekt / Минато време Перфект

Една можност кога се зборува за минатото во германскиот јазик е времето Перфект. Ова време најчесто се употребува кога се зборува за неодамнешни настани, особено ако тие се уште живи во сеќавање.

Партицип II

уреди

Пред да го разгледаме минатото време Перфект, потребно е да разгледаме една форма на глаголите која во германскиот јазик е позната како Partizip II (или Partizip Perfekt). Партицип II е глаголска форма која се користи за формирање на сложени глаголски форми, меѓу кои и минато време Перфект.

Основните правила за образување на Партицип II од глаголите се сумирани во следнава табела:

Правилни глаголи Неправилни глаголи Помошни глаголи Глаголи со -ieren
ge- + основа на глаголот + -t ge- + основа на глаголот + -en / iereniert
  • machen → gemacht
  • sagen → gesagt
  • hören → gehört
  • kochen → gekocht
  • fahren → gefahren
  • lesen → gelesen
  • sehen → gesehen
  • kommen → gekommen
  • sein → gewesen
  • haben → gehabt
  • werden → geworden
  • fotografieren → fotografiert
  • telefonieren → telefoniert
  • präsentieren → präsentiert
  • studieren → studiert

Деливи глаголи

уреди

Кај деливите глаголи префиксот од глаголот секогаш останува прв.

Правилни деливи глаголи Неправилни деливи глаголи
префикс + ge- + основа на глаголот + -t префикс + ge- + основа на глаголот + -en
  • einkaufen → eingekauft
  • abwarten → abgewartet
  • aufschreiben → aufgeschrieben
  • aufbleiben → aufgeblieben

Неделиви глаголи со префикс

уреди

Кај глаголите кои имаат префикс, а се неделиви, никогаш не се става префикс ge- во Партицип II.

Правилни глаголи Неправилни глаголи
основа на глаголот + -t основа на глаголот + -en
  • besuchen → besucht
  • erzählen → erzählt
  • beschreiben → beschrieben
  • entkommen → entkommen
  • bekommen → bekommen

Образување на Перфект

уреди

Минатото време во германскиот јазик со образува со помошните глаголи haben, а поретко со sein + Partizip II формата на глаголот.

ich habe/bin ge- основа на глаголот -t/en
du hast/bist
er/sie/es hat/ist
wir haben/sind
ihr habt/seid
sie/Sie haben/sind

Кој помошен глагол да се искористи?

уреди
  • Во најголем дел од случаите за формирање на перфект се користи глаголот haben.
  • Глаголот sein се користи кај глаголи кои опишуваат промена на положбата од едно до друго место (fahren, schwimmen, fliegen, gehen, laufen).

Некои од најчесто користените глаголи во секојдневниот говор кои одат со sein се:

 
Ich bin nach Basel geflogen.
инфинитив перфект македонски
aufstehen ist aufgestanden стана
aufwachen ist aufgewacht се разбуди
bleiben ist gebleiben остана
einschlafen ist eingeschlafen заспа
fahren ist gefahren возеше
fallen ist gefallen падна
fliegen ist geflogen леташе
gehen ist gegangen одеше
kommen ist gekommen дојде
laufen ist gelaufen трчаше
reisen ist gereist патуваше
schwimmen ist geschwommen пливаше
sein ist gewesen беше
wachsen ist gewachsen растеше
werden ist geworden стануваше