Германски јазик/Заповеден начин

Der Imperativ / Императив

Заповедниот начин или императив се користи за изразување наредби, барања, желби.

Германскиот јазик има различна структура за императив за секоја од трите форми за второ лице („Sie“, „ihr“, „du“).

Образување на императив

уреди
Заменка Императив Пример Македонски
Sie (учтиво - еднина и множина) основа на глаголот + en + Sie Laufen Sie! Трчајте [Вие]!
du (еднина) основа на глаголот + e* Laufe! Трчај!
ihr (множина) основа на глаголот + t Lauft! Трчајте!
* 2 лице еднина може да има наставка -е, но и не мора, при што и двете форми се точни.

Кога се обраќаме формално, секогаш после глаголот во императив се пишува заменката (Sie).

Кога се обраќаме неформално после глаголот никогаш не се пишува заменка.

Императив од помошните глаголи

уреди

Императивот од помошните глаголи се образува на следниот начин:

  • sein → sei
    • Sei still! - Биди тивок!
  • haben → hab
    • Hab geduld! - Имај трпение!
  • werden → werd
    • Werd erwachsen! - Порасни!

„Ублажување“ на заповедноста

уреди

Заповедниот начин може да звучи многу неучтиво на германски. За да се направи наредбата да звучи поучтиво, може да се додаде честичката bitte:

  • Komm bitte! - Те молам дојди!
  • Würden Sie bitte mitkommen! - Ќе ве молам да дојдете со мене!

Прилогот mal (од "einmal") ја прави наредбата помалку формална:

  • Warte mal! - Почекај!
  • Schau mal! - Погледни!

Негација

уреди

Негација на заповеден начин се образува со додавање на честичката nicht после глаголот:

  • Iss nicht so viel! - Не јади толку многу!
  • Fahr nicht so schnell! - Не вози толку брзо!